За кулпоп
Кулпоп е интернет-адреса замислена како личен блог за популарна култура, а реализиран со професионална посветеност како магазин што ја покрива и ја обработува истата тема. Неговата цел не е да соли памет, но не и да бега од изразување солени ставови во врска со искуствата, перцепциите, радоста и разочарувањата што авторот ги доживеал додека ги консумирал делата што се нашле на ова скромно, ама искрено создадено интернет-катче. Кулпоп не само што не бега, туку и охрабрува искажување исто толку, ако не и посолени, ставови за тоа што читателот смета дека е објавено на овие страници. Коментирајте, контактирајте, критикувајте и фалете, само не се расфрлувајте со какви било навреди или препукувања на персонално ниво. Овде се пишува за помалку или повеќе популарни работи, но тоа не значи дека треба да бидеме некултурни.